Столе не издржа - Реал седми пат по ред победи во Ла Лига (ВИДЕО)

Иако повторно не блескаше, Реал Мадрид ја продолжи победничката серија во шпанското првенство откако вечерва славеше на гостувањето кај Валенсија со 2-0.

„Кралевите“ беа драстично ослабени на овој меч, не играа Винисиус, Белингам и Родриго, плус уште неколку повредени фудбалери, но и покрај тоа успеа во второто полувреме да го скрши отпорот на противникот. Македонскиот голман Столе Димитриевски не дозволи да се тресе неговата мрежа до 65. минута, ама Реал, сепак, најде начин да го совлада.

Прв тоа го направи Карерас во 65. минута на асистенција на Хујсен, додека конечниот резултат го постави Килијан Мбапе во судиското продолжение.

За Валенсија ова е втор пораз во низа со што повторно дојде во опасност да влезе во зоната за испаѓање во Ла Лига.