Дали Ливерпул беше оштетен за пенал против Сити? (ВИДЕО)

Во Премиер лигата се игра дербито помеѓу Ливерпул и Манчестер сити, а пред крајот на првото полувреме дојде и до една спорна ситуација.

Сити беше подобар ривал во првите 45 минути и создаде повеќе шанси, меѓутоа во финишот Салах се најде во позиција пред голот во кој според дел од фановите требало да реагира ВАР.

По еден прекин, Ван Дајк со глава ја упати топката кон Салах, но тогаш Бернардо Силва имаше еден контакт со Египќанецот по кој напаѓачот падна на тревникот, сепак реакција немаше, ниту од судијата на теренот, ниту од ВАР.