Тага во Бугарија: Почина селекторот на ракометарите
Василев одреден период се соочуваше со сериозни здравствени проблеми, а денеска стигна тажната вест дека ја загубил битката. Иако самиот водеше тешка битка, сепак тој беше со репрезентацијата до самиот крај и седеше на клупата во двата претквалификациски натпревари за Европското првенство во 2028 кои оваа селекција ги играше со Турција.
Како ракометар, Василев беше и репрезентативец носејќи го дресот од 1983 до 1995 година и во тој период собра над 250 настапи.
Исто така искустово и како играч и како тренер имаше и во Франија каде што со Ница двапати ја освои титулата во Втората лига, а во 1995 година беше дел и од најсилната француска Суперлига.