Гол на Растодер, Тун запиша уште една победа!

Македонскиот репрезентативец, Елмин Растодер постигна нов гол на Тун кој запиша триумф на гостувањето кај Сервет од 3-1 и сигурно чекори кон титулата во Швајцарија.

Растодер го отвори резултатот кога во 40. минута постигна гол за водство на Тун од 1-0. Со тој резултат заврши првото полувреме.

Во вториот дел гостите дадоа уште два гола, а Сервет во судиското продолжение успеа само да постигне почесен погодок.

За македонскиот репрезентативец тоа беше осми гол оваа сезона во најдобрата швајцарска лига, има и четири асистенции.

Тун е убедливо прв на табелата со 11 бодови предност пред вториот Лугано.