Шесто злато за Јоханес Клаебо на Зимски олимписки игри!

Норвежанецот Јоханес Хесфлот Клаебо ја продолжи доминацијата на ЗОИ, и во ова издание се закити со златно обележје.

Тој победи во нордиско трчање во дисциплината 10+10 километри скијатлон.

До победата Клаебо на трката на десет километри класичен и десет километри слободен стил стигна со време од 46:11,0 минути.

За Норвежанецот ова беше шесто олимписко злато во кариерата, а вкупно има осум медали на ЗОИ.

Сребрен медал освои Матис Делож од Франција со време 46:13,0, додека минимално зад него задоцни Мартин Ловстрем Ненгет од Норвешка.