Пелистер влезе во серија, го реши и Феникс (ФОТО)
Домашниот состав рамноправен противник беше само во првата четвртина во која имаше и водство кое најмногу одеше до четири поени на разлика. Пелистер успеа да израмни на 20-20, а потоа во вториот период и да најави во каква насока ќе оди натпреварот.
Пред паузата квалитетот на битолскиот дојде до израз, па така на пауза заминаа со предност од 49-33.

Сликата не се промени и во второто полувреме, Пелистер играше сигурно, а предноста растеше, па така во еден момент таа изнесуваше и 27 поени. До крајот домаќините само успеаја да го ублажат поразот.
Најефикасни во победничкиот состав беа Американците Вилсон и Брејси-Дејвис. Вилсон средбата ја заврши со 22 поени, шест скока и две асистенции, додека Брејси-Дејвис оствари дабл-дабл од 21 поен и десет скока. На спротивната страна Матус се истакна со 14 поени, пет скока и две асистенции.


