Швајцарка имаше ужасен пад на ЗОИ - остана без скија во лет! (ВИДЕО)

Швајцарската натпреварувачка Сара Хефлин доживеа ризичен пад за време на настапот на Зимските олимписки игри во Кортина.

Претставничката на алпската земја во дисциплината слободно скијање доживеа пад во кој за среќа помина без потешки последици. При скокот 35-годишната скијачка остана без левата скија и во таква ситуација немаше шанси за безбеден доскок.

Швајцарката сепак, во самиот финиш на оваа ризична пируета, успеа да се спушти на нозе, но ударот во подлогата без една скија сигурно не беше пријатен.