Тенисерите поразени во првите два меча на Дејвис купот од Кипар
Кипар поведе со 2-0 откако, Амар Хусеновиќ загуби со 2-0 во сетови против Менелос Ефстатиу кој доминираше на теренот и двата сета ги доби со 6-2 и 6-0. Слична беше сликата и во поразот на Стефан Мицов од Фотос Фотиадес, Мицов исто така загуби со 2-0 со 6-3 и 6-0.
Утре на програмата е првиот меч во двојки, а потоа ќе има и уште два сингл меча, почетокот е во 10 часот.