Штета: Ѓорческа тргна одлично, па се предаде во борбата за финале

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши учеството на турнирот во Порто во полуфиналето откако беше принудена да го предаде мечот против Американката Кревли.

Ѓорческа вчера со одлична игра славеше над првата носителка на турнирот Гркинката, Папамихаил, но денеска го предаде мечот при негатива од 1-0 во гемови и 3-0 во вториот сет.

Македонската тенисерка тргна одлично и во првите два гема на сервис на Американката ѝ направи два брејка и поведе со 3-0. За жал во продолжение не успеа да го одржи тоа ниво и го загуби сетот.

Во вториот сет по три загубени гема во кој тешко освојуваше поени веројатно поради проблеми со повреда беше принудена да се повлече.