Одермат потфрли, но друг Швајцарец го освои првото злато во Милано и Кортина

Швајцарецот Фрањо фон Алмен е освојувачот на првиот златен медал на овогодинешните Зимски Олимписки Игри.

Денеска во Милано и Кортина д’Aмпецо успеа да слави победа на спустот во Бормио и тоа со убедлива предност во однос на ривалите. Швајцарскиот скијач до победата дојде со време од 1:51:61, додека 20 стотинки зад него остана домашниот натпреварувач Џовани Францони.

На третото место се најде уште еден Италијанец, Доминик Париз со заостанување од половина секунда зад победникот. Лидерот во генералниот пласман и најдобар скијач во овој момент, Марк Одермат денеска потфрли и заврши како четврти со заостанување од 70 стотинки.