Британски олимпиец со потег што ќе го разбесни Доналд Трамп! (ФОТО)

Пред отворањето на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Италија, британскиот олимпиец Гус Кенворти привлече големо внимание со порака насочена против американската имиграциска служба и објави порака која ќе го налути претседателот на САД, Доналд Трамп.

Наместо за спорт, повеќе се зборува за политичка напнатост на почетокот на ЗОИ поради присуството на членови на американската имиграциска служба во Италија, кои се обвинети за неодамнешните убиства на Алекс Прити и Рени Гуд во Минеаполис.

Дополнителни тензии предизвика и најавата за доаѓање на потпретседателот Џеј Ди Венс, но и на Марк Руби кои ќе го следат мечот на американската женска хокеарска репрезентација.

Поради тоа Кенворти објави порака на социјалните мрежи која привлече големо внимание, а може да се погледне во продолжение.

Фото: EPA