Зимските олимписки игри - „последен танц“ на Сан Сиро
Двата клуба неодамна се согласија да го купат целиот простор на Сан Сиро од Градскиот совет на Милано и се очекува да го напуштат стадионот до 2030 година до кога треба да биде изграден мултифункционален и модерен објект.
„Церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во 2026 година ќе биде крајот на сстадионот со вековна историја кој Милан и Интер ќе го напуштат“, објави Газета.
Планот е да се изгради нов стадион на огромниот паркинг во близина на Меаца, така што двата тима од Милано ќе продолжат да играат во старата арена додека не завршат работите за нивниот нов дом. Некои извештаи сугерираат дека поголемиот дел од стадионот потоа ќе биде срушен, освен југоисточниот агол на постоечкиот објект.
Малку е веројатно дека Сан Сиро ќе биде домаќин на некој друг голем спортски настан бидејќи веќе не ги помина тестовите на УЕФА за да биде домаќин на ЕУРО 2032, кое Италија ќе го организира заедно со Турција. Новиот стадион, сепак, ќе ги исполни барањата и ќе биде домаќин ако работите се завршат на време. Претседателот на Интер, Бепе Марота, претходно оваа недела изјави дека „нероаѕурите“ и Милан се надеваат дека новиот стадион ќе биде готов во 2030 година.
Подготовките за церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри во 2026 година го направија Сан Сиро, односно „Џузепе Меаца“ недостапен оваа недела, па Интер мораше да го игра својот домашен натпревар од Купот на Италија против Торино во Монца, додека дуелот на Милан од Серија А против Комо е одложен за 18 февруари.