Ѓорческа преку Гркинката Папамичаил до полуфинале во Порто!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Порто откако денеска со 2-0 (7-6, 6-3) во сетови ја совлада грчката претставничка Деспина Папамичаил.

Првиот сет донесе по два изгубени сета на свој сервис и за двете тенисерка. На Ѓорческа тоа и се случи во петтиот и деветтиот гем, додека сервисот на противничката го освои во четвртиот и осмиот. Така сетот се одлучуваше во тај-брејк каде што Ѓорческа беше сигурна и со 7-1 поведе со 1-0 во сетови.

Во вториот сет Ѓорческа трипати успеа да го одземе сервисот на 159. Тенисерка на ВТА листата, а еднаш го загуби својот и тоа се покажа како доволно за место во полуфиналето.

За место во финалето Ѓорческа ќе игра против Американката Фиона Кревли која е 227 на ВТА листата и седма носителка на турнирот.