Гидсел испиша историја: Данецот е најдобар стрелец и МВП на Европското првенство!

Данска го освои Европското првенство, а Матиас Гидсел стана ракометарот со најмногу погодоци на еден континентален турнир во историјата.

Данскиот бек првенството го заврши со 68 голови зад своето име со што го надмина Сандер Сагосен кој остана со 65 погодоци. На третото место се проби Симон Питлик кој запре на 64 голови на турнирот.

Кире Лазаров со 61 гол од Европското првенство 2012 година сега е на четврото место на вечната листа.

Гидсел покрај наградата за најдобар стрелец го доби и МВП признанието за најкористен играч на турнирот.