Никогаш видено во рингот: Со аперкат му ја „откина“ косата – па таа заврши во публика! (ВИДЕО)
Во еден момент од мечот, Ибе погоди силен аперкат, по што следеше шок за сите присутни – Милер буквално остана без косаta! Целиот горен дел од главата, од челото кон темето, се одвои и остана да виси, оставајќи ги и судиите и публиката во неверување. Сцената стана уште побизарна кога Милер, наместо да паничи, реши сè да претвори во шега – ја откина косата до крај и ја фрли во публика, по што продолжи да се бори… целосно ќелав.
Сè уште останува дилемата дали станува збор за вештачка коса залепена за да се прикрие ќелавост, или пак светот беше сведок на вистинско „чудо на физиката“ во рингот. Како и да е, вакво нешто никогаш досега не е забележано во боречките спортови. Мечот на крајот заврши без победник, со поделена судиска одлука, но резултатот падна во втор план – интернетот доби нов вирален хит.
За целосна апсурдност на ситуацијата, една навивачка која ја фати „отпаднатата“ коса се пошегува на социјалните мрежи дека – добила нова фризура.