Конате му даде гол на Ливерпул и заплака – соиграчите од Ливерпул го гушкаа (ВИДЕО)
Фудбалерот пропушти три натпревари поради смртта на еден од родителите, па во синоќешната победа над Њукасл (4-1), тој погоди во самиот финиш, по што следуваа емотивни сцени. Соиграчите веднаш дотрчаа да го прегрнат, а посебен момент беше кога голманот Алисон Бекер истрча од спротивната страна на теренот за да му даде поддршка, имајќи предвид дека и самиот го загуби татко си во 2021 година. Конате потоа ги бришеше солзите, додека Вирџил Ван Дајк повторно го прегрна пред играчите да се вратат на центарот.
„Многу сум среќен за голот. Немам зборови да опишам што чувствувам. Последните две недели беа многу тешки за мене и моето семејство. Ова е тежок период за мајка ми и за сите нас. Тешко е да се прифати, но мора да продолжиме понатаму“, изјави Конате.
Ова беше прва премиерлигашка победа за Ливерпул во новата година, по низата од низата од пет средби во кои остварија четири нерешени средби и еден пораз.