Драма во Лондон: Челси со чудесен пресврт му пресуди на Вест Хем (ВИДЕО)

Светскиот клупски шампион Челси успеа да слави со 3-2 против Вест хем во 24. коло од Премиер лигата, откако двете екипи понудија неверојатна завршница на мечот на „Стемфорд бриџ“.

Челси почна ужасно во натпреварот, па по само седум минути Боуен погоди за водство од 1-0, а потоа стрелаше и Самервил за предност од 2-0 на „чеканите“.

Лијам Росениор успеа да ги разбуди своите момци на полувремето, кога направи и три измени, а една од нив Жоао Педро погоди за 1-2 во 57. минута.

Марк Кукурела беше стрелец на вториот погодок за „сините“, додека Енцо Фернандез во судиското надополнување погоди за целосен пресврт.