ТФТ го доби дербито против Работнички, МЗТ го декласира Феникс (ФОТО)

Кошаркарите на ТФТ Скопје триумфираа против Работнички со 88-84, додека МЗТ беше подобар од Феникс со 85-73 во Суперлигата.

Екипата од Тафталиџе беше подобра во првото полувреме кое го доби со 49-42, додека Работнички успеа да се врати во дуелот во третата четвртина (65-56).

ТФТ не остана должен и влезе во одличен ритам, па на крајот успеа да слави со 88-84.

Најефикасни во победничкиот тим беа Ташовски и Дејвис со по 20 поени, додека Рикиќ запиша 24 поени.

Кошаркарите на Васко Атанасов беа подобри од Феникс во првото полувреме кое го добија со шест поени предност (46-40), додека тимот од Аеродром продолжи да го полни кошот во вториот дел на ривалот и да слави со 85-73.

Најефикасен во победничкиот тим беше Мек Смит-Мекевен со 20 поени, додека Дашон Дајсон запиша 18 поени за Феникс.