Тажна вест: Почина легендарна скијачка од Словенија
Најдобриот момент во кариерата го доживеа на Светското првенство (СП) во 1991 година кога освои сребрен медал во слалом.
Нејзиниот спортски пат беше тежок затоа што го одбележаа повреди, па низ кариерата мораше да оди на 14 операции.
Во последните години од животот водеше тешка борба со ракот, а пред седум години успеа да ја победи болеста, меѓутоа таа потоа се врати во посилна форма.
Во текот на кариерата дури три пати се искачи на подиумот во ФИС Светскиот куп, односно славеше во слалом, беше втора во велеслалом во Крањска Гора, а второ место во велеслалом во 1999 година.