Наполи ја продолжи мизеријата на Фиорентина во Серија А
Вергара го отвори резултатот во 11. минута од средбата, додека Гутиерез зголеми на 2-0 на стартот на второто полувреме, по што Соломон стрелаше за конечни 1-2 во 57. минута.
Елмас го почна натпреварот и остана до крајот, при што одигра важна улога за Наполи.
Наполи е трет на табелата со 46 бодови, односно шест поени помалку од лидерот Интер.