Баерн Минхен влезе во мини-криза и освои само бод против ХСВ

Германскиот шампион Баерн Минхен ремизира против ХСВ (2-2) на гостински терен во рамки на 20. коло од Бундес лигата.

Поразот во претходното коло очигледно остави трага на фудбалерите на Винсент Компани, кои примија гол од Виеира во 34. минута.

Кејн ги врати баварците во игра во 42. минута кога стрелаше за 1-1, а потоа Дијаз на самиот старт на второто полувреме погоди за целосен пресврт (2-1).

ХСВ го возврати ударот во 53. минута преку Вушковиќ, кога погоди за 2-2, по што успеа да ја зачува својата мрежа до крајот на средбата.

Фото: Facebook/HSV