Траоре го „фрли“ Кукурела, па тргна да го „задави“ Педро (ВИДЕО)

Челси успеа со чудесен пресврт да го совлада Вест Хем (3-2), но во последните моменти од натпреварот се случуваше вистински хаос на теренот каде што главна улога беше Адама Траоре.

Траоре збесна и прво го нападна Кукурела, кој буквално го фрли на тревникот, а потоа сакаше да се тепа и со Жоао Педро.

Педро успеа да избега од Траоре, но налета на Тодибо кој беше уште поагресивен и на крајот доби директен црвен картон, додека Траоре заработи жолт картон.