Први искри во финалето: Алкараз се бунеше поради одлука во корист на Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Релативно мирната атмосфера на „Род Лејвер“ арената во Мелбурн беше привремено нарушена по завршувањето на вториот сет во кој Карлос Алкараз израмни на 1-1.

Шпанецот беше во налет и чувствуваше дека може да го скрши Новак Ѓоковиќ, но противникот отиде на нешто подолга пауза во соблекувалната, а судиите одлучија да го затворат покривот на теренот.

 

 

Алкараз сметаше дека тоа ќе му биде од корист на Ѓоковиќ и жестоко протестираше, но одлуката, сепак, беше донесена.

ФОТО: EPA photo