Руска легенда за Арбелоа: Се надевам нема да има успех во Реал
Иако признава дека е изненаден што „кралскиот клуб“ заостанува само еден бод зад Барселона и покрај слабите игри, како навивач на каталонскиот гигант отворено се надева на неуспех на Арбелоа.
„Ме изненадува што Барселона им бега само еден бод на табелата. Реал играше толку лошо што мислев дека ситуацијата е поинаква. Сепак, сметам дека Арбелоа и натаму е во комплицирана позиција“, изјави Аршавин, па искрено додаде:
„Како навивач на Барселона, се надевам дека Арбелоа нема да успее. За него клучно ќе биде да воспостави однос со фудбалерите, а не само да креира тактики. Во тоа не успеа Чаби Алонсо“, додаде Аршавин.
Чаби Алонсо доби отказ во јануари, по само половина година на клупата на Реал во кој помина 34 натпревари и оствари 24 победи, четири ремија и шест порази. Како главна причина за смената во медиумите се наведува лошиот однос со најголемите ѕвезди на тимот, меѓу кои Винисиус Жуниор и Џуд Белингам.