Симеон Христов по 20 години се врати таму каде што почна! (ФОТО)

ФК Скопје се пофали дека ја засили офанзивата со искусниот фудбалер Симеон Христов кој во Автокоманда доаѓа од екипата на Македонија Ѓорче Петров.

За Христов ова е враќање во Скопје, тој таму ги има направено првите фудбалски чекори по кои се пресели во академијата на Вардар.

Христов во својата кариера настапуваше во повеќе македонски клубови, но и надвор од нашата земја. Тој покрај Македонија ЃП, играше и за Пелистер, Гостивар, Вардар, Работнички, Тиквеш, Борец, Брегалница, Тетекс...

Симеон Христов треба да биде сериозно засилување за амбициозниот Скопје кој е на петтото место во втората лига со четири бода зад третата Брегалница.