Стефанов: Ремито е еднакво на триумф, а против Романија без притисок по победа!

По вчерашното реми на Македонија против Португалија (29-29) денеска се огласи и претседателот на Ракомeтната федерација, Александар Стефанов.

Стефанов порача дека ова реми е еднакво и на победа, но и додаде дека против Романија во вторник треба да одиграме без притисок.

„Ова реми е еднакво на победа. Да знаете, ги израдувавте сите Македонци во оваа сала вечерва, а и целата нација. Храбро, машки и борбено. За жал, немавме среќа на крајот, но покажавме дека имаме карактер, дека можеме да се вратиме од „минус пет“ и дека можеме да играме со селекции кои се во ТОП 5 во светот.

Ви честитам и само напред без притисок кон победа против Романија!“, порача првиот човек на РФМ.

Натпреварот против Романија во кој и тоа како е важно да победиме (ТУКА) го играме утре исто така во терминот од 18:00 часот.