Сити не се шегува, го комплетираше и второто големо засилување!

Манчестер сити попладнево го потврди и второто засилување во овој преоден рок, Марк Гуехи од Кристал палас

Англискиот репрезентативец на кого договорот му истекуваше на крајот од сезоната пристигнува со големи очекувања, а Сити ќе плати сума од околу 27 милиони евра како фиксна отштета, плус бонуси.

Гуехи со тимот на Пеп Гвардиола стави потпис на соработка до 2031 година. Трансферот беше најавен уште во текот на минатата недела, а сега по комплетирањето на сите формалности и беше официјализиран.

Можност за деби во дресот на новиот клуб, Гуехи ќе има наредникот викенд кога Сити в сабота ќе игра против Вулверхемптон кој е последен тим на табелата во Премиер лигата.

Дефанзивецот се поврзуваше и со Ливерпул, меѓутоа „граѓаните“ ја забрзаа реализацијата на трансферот по повредите на Гвардиол, Рубен Дијаз и Стоунс.

Ќе потсетиме, Сити пред Гуехи го доведе, Антоан Семењо од Бормут кој одлично се адаптираше и веќе ги постигна првите погодоци.