Дијаз собра сила да се огласи: Душата ме боли, тешко ќе се опоравам...

Брахим Дијаз иако беше најдобар стрелец на Африканскиот Куп на Нации со пет гола и ја освои „Златната копачка“, сепак сите ќе го паметат како трагичар поради промашениот пенал во последните минути од регуларниот дел против Сенегал во финалето.

Дијаз имаше можност да донесе титула шампион на Африка за својот Мароко по 50 години чекање, меѓутоа неговиот обид со паненка заврши во рацете на сенегалскиот чувар на мрежата.

Сега за првпат собра сили да се огласи велејќи дека ова е нешто по кое тешко ќе може да се опорави.

„Ме боли душата. Сонував за титула благодарение на љубовта што ми ја пруживте сите, секоја порака, секој знак на поддршка што ми даде чувство дека не сум сам. Се борев со сите сили, со срце над се“, 

„Вчера потфрлив и ја преземам целосната одговорност. Искрено се извинувам. Ќе ми биде тешко да се опоравам бидејќи оваа рана тешко зараснува, но ќе се обидам. Не заради себе, туку за сите кои веруваа во мене и за сите кои страдаа со мене. Ќе продолжам понатаму сè додека еден ден не можам да ви ја вратам целата оваа љубов и да станам извор на гордост за мојот марокански народ“, напиша разочараниот Браим.

Претходо во јавноста беше објавено и дека Дијаз во соблекувалната се извинувал пред соиграчите, но ниту еден од нив не му простил.