Дијаз им се извинувал на соиграчите и плачел, но - прошка немало!

Брахим Дијаз беше најдобар стрелец на Африканскиот куп на нации, имаше фантастично првенство се до клучниот момент во финалето кога се посрамоти и ја налути целата нација.

Пред самиот крај на регуларниот дел од мечот судијата досуди пенал за Мароко кој ги налути Сенегалците, тие го напуштија мечот, па се вратија откако Мане ги молеше да продолжат.

Пеналот го изведуваше Дијаз, иако се работеше за исклучително важен пенал, тој реши дека баш во овој момент сака да се направи мангуп и да даде гол атрактивно, со паненка.

Голманот на Сенегал ја прочита неговата идеја, остана во средината и лесно му ја фати топката. Дијаз се скамени, се посрамоти и ги разочара сите Мароканци.

За тежината да биде најголема, стои фактот дека подоцна Сенегал го доби мечот, па овој не реализиран пенал ги чинеше Мароканците титула.

Последните информации од Мароко велат дека по мечот Брахим Дијаз му се извинил на целиот тим во соблекувалната, па прснал да плаче. Искусните фудбалери биле екстремно лути на него и не му простиле. Сите биле екстремно разочарани и никој немал разбирање за него, и ниту грам сожалување.

Овој пенал цел живот ќе го прогонува Брахим Дијаз.