Барселона на мегдан со џелатот на Реал Мадрид

Бранителот на трофејот во Копа дел Реј, Барселона има отворен пат кон полуфиналето од ова натпреварување откако за противник го доби единствениот второлигаш меѓу преостанатите осум.

Станува збор за тимот на Албасете кој минатата недела се прослави откако го елиминира Реал Мадрид, но Барселона следниот покажа дека нема проблем да се справи со нисколигаши и дека не ги потценува, совладувајќи го лидерот во Сегунда, Сантандер. Од тие причини, иако се игра на теренот на Албасете, Барселона останува голем фаворит за пласман во полуфиналето.

Во четвртфиналната фаза има и еден македонски претставник, Столе Димитриевски кој со Валенсија ќе го пречека тимот на Атлетик Билбао, познат по тоа што редовно игра добро во Копа дел Реј.

Натпреварите од четвртфиналето во шпанскиот куп се играат во периодот од 3 до 5 февруари.