Лазаров мораше да интервенира, Ојлески доби повик и веднаш тргна кон Данска!

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров испрати дополнителен повик до Гоце Ојлески кој го прифати и веднаш се приклучи на репрезентацијата во Данска.

Ваквата интервенција доаѓа по повредите на двете крилата Иван Џонов и Петар Атанасијевиќ. 

Двајцата се повредија на мечот против Португалија, па принудно на таа позиција играше Павле Атанасијевиќ.

Ојлески ги одработуваше подготовките со Охрид, но беше и на резервниот список на Лазаров. Искусниот ракометар сега принудно добива шанса да ѝ помогне на репрезентацијата на Европското првенство.

Петар Атанасијевиќ и дефинитивно отпаѓа за мечот со Романија, постои шанса Џонов да биде во составот, во текот на утрешниот ден ќе биде донесена конечната одлука.

Тој ќе биде во составот за мечот со Романија кој го играме утре (вторник) со почеток од 18 часот.