Германскиот селектор првпат ја објасни шокантната грешка: Скапо ја плативме (ВИДЕО)

Селекторот на Германија, Алфред Гисласон за првпат се огласи по скандалозната одлука со која ѝ помогна на Србија да ја победи неговата репрезентација на Европското првенство.

Гисласн побара тајм-аут буквално во ист момент кога неговите репрезентативци постигнаа гол за израмнуваање, па тој погодок не важеше.

„На крај мислам дека таа минута која ја побарав скапо не чинеше. Погледнав на теренот и Јури беше побрз од она што го очекував. Тој гол секако би ни значел многу. Мислам дека беше шок за цела екипа. Ова е грешка која ја плативме со најмалку еден бод“, изјави Гисласон.

Прилика за поправка Германија ќе има вечерва во натпреварот во кој ќе играат против Шпанија.