На Фарски Острови не работат ниту градинките, ниту Парламентот - цела земја гледа ракомет!

За време на Европското првенство голем дел од работите во Фарски Острови се застанати, едноставно сите сакаат да се во Данска и да го следат настапот на својата репрезентатвци.

Имено, оваа земја каде што ракометот бележи сериозен подем во последните години игра одлично на турнирот и во првите два дуели ремизираше со Швајцарија и ја победи Црна Гора, а во последното коло од првата фаза ќе се соочат со Словенија.

Неверојатно звучи податокот дека во Осло каде што ги играат натпреварите има околу 6-7 илјади нвивачи што е 12% од населението бидејќи на Фарски Острови живеат 55.000 луѓе.

Исто така градинките во земјата се затворени бидејќи наставниците и сите вработени се во Oсло, не работи ниту Парлманетот затоа што и пратениците допатуваа на Европското првенство и така ќе остане се додека репрезентацијата е дел од турнирот.

Фото: EPA