Пелистер се засили со напаѓач кој првпат ќе игра во Македонија
Ново име во Пелистер е Филип Петровиќ кој пристигнува од Раднички Пирот. За Петровиќ кој има 25 години и игра како напаѓач ова е прво искуство надвор од српскиот фудбал. Пред Раднички Пирот играше уште за: Свилијанц, Мешево, Кусијево и Крагуевац каде што ја почна кариерата.
Пред него во Битола пристигнаа неговите сонародници, Милан Србијанц и Лука Милојевиќ, македонскиот дефанзивец, Кире Ристевски и поранешнот младински репрезентативец, Томче Гроздановски.