Шок од Словенија: Двократен шампион е пред згаснување!

Екипата на Домжале која во својата историјата двапати ја освојуваше шампионската титула во Словенија денес е пред банкрот. 

Словенечкиот „Спорт Клуб“ објави дека клубот подолого време е во тешка ситуација, а последниот удар пристигнал од Том Зеленовиќ кого го опишуваат како измамник. 

Зеленовиќ неодамна стана претседател на клубот и беше претставен како спасител, најавувајќи огромни инвестиции, но потоа се повлекол од Домжале и го оставил клубот со големи долгови.

Според информациите, наскоро се очекува Домжале да го распушти првиот тим, а под големо прашање е и младинската школа. Поради банкротот, клубот нема да продолжи да се натпреварува во Првата лига на Словенија.

Ова значи дека во продолжението на сезоната лигата ќе брои девет наместо десет клубови.