Србија загуби од Австрија, па сега ќе чека услуга од Шпанија!

Српската ракометна репрезентација загуби од Австрија со 25-26 во третото коло од Европското првенство (ЕП), па сега ќе чека услуга, односно триумф на Шпанија против Германија за да се пласираат во следната фаза од турнирот.

Австрија го отвори мечот со два погодоци (2-0), по што Србија го возврати ударот и направи пресврт (5-3). До крајот на првото полувреме се водеше голема битка, а на крајот на паузата со еден гол предност (13-12) замина нашиот северен сосед.

Србите ја одржуваа предноста до 18-17, по што почнаа проблемите во нападот, а Австрија ја искористи кризата кај ривалот за да стигне до 24-21. Избраниците на Раул Гонзалес успеаја да ја намалат негативата во финишот, но стигнаа само до еден гол негатива. Најефикасен во победничкиот тим беше Тобијас Вагнер со шест голови, додека шест погодоци за Србија постигна Немања Илиќ.

Нашиот северен сосед треба да се надева Шпанија во дербито против Германија со било каква разлика за да го продолжат настапот во следната фаза, додека при реми на двете селекции или пораз на Шпанците, Германците продолжуваат понатаму.

На останатите натпревари кои се играат од 18 часот, Чешка победи против Украина со 38-29, а Хрватска ја уништи Холандија со 35-29.