Раул направи револуција во играта „седум на шест“ на стартот на ЕП - првиот обид неуспешен!

Поранешниот селектор на Македонија, сега предводник на српската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез се обиде со необична, речиси револуционерна идеја против Шпанија.

Трофејниот стручњак одлучи да игра против своите сонародници со седум играчи во нападот, но не во вообичаената варијанта со двајца пивоти, туку со четири дефанзивци. Обидот привлече големо внимание, но на крајот не се исплати.

Впечаток е дека четворицата бекови си го затворија просторот на теренот и практично се „загушија“, за разлика од тактиката со двајца пикери кои обично отвораат повеќе место и отвораат повеќе опции во нападот.

На крајот Србија загуби од Шпанија со 27-29, а останува да се види дали Раул Гонзалез ќе ја искористи истата тактика и во второто коло против Германија. Денешниот натпревар беше прв официјален за шпанскиот стручњак како селектор на Србија.