„Данците до вчера ни беа идоли, сега треба да играме против нив“
Еден од младите ракометари во составот на Лазаров е Дамјан Митев кој признава дека пред само некое време данските играчи ги гледал како свои идоли, а сега треба да игра против нив.
„Данска си е Данска, сите ја знаеме и нема што да се зборува за нив. Одиме максимално фокусирани на Португалија и Романија. Треба да се подготвиме на највисоко ниво, да одиграме како што треба. Во Данска знаеме сите кои играчи настапуваат за репрезентацијата. Тоа се играчи кои до вчера ти биле идоли, а сега треба да играш против нив, чувството е феноментално. Мора да дадеме максимум, ова е Европско првенство. Нема чување бидејќи секогаш е чест да се игра за Македонија“, изјави Митев.
Мечот меѓу Македонија и Данска се игра утре (петок) со почеток од 20:30 часот.