Денвер и не бил така лош без Јокиќ - трета победа по ред, петмина двоцифрени (ВИДЕО)

Повеќе од две недели Никола Јокиќ го нема во составот на Денвер Нагетс поради повреда, а остатокот од тимот изгледа се навикна на животот без него и игра се подобро.

Ноќеска, шампионот од 2023 година ја оствари третата победа во низа и четврта во последните пет меча откако на гостински терен го совлада Далас со 118-109. Да биде поинтересно, Нагетс воопшто немаа проблеми да дојдат до триумфот и во еден момент водеа и со 23 поени разлика (84-61).

Дури петмина кошаркари во тимот беаа двоцифрени: Мареј постигна 33 поени, Гордон 22, Вотсон 18, Хардавеј 12, а Џонс 10. И покрај тоа што игра без првата ѕвезда, Денвер ссе наоѓа на второто место во Западната конференција со биланс од 28 победи и 13 порази.

Во екипата на Далас, Маршал беше најефикасен со 24 поени, Вилијамс додаде 20, а Мартин 15.

РЕЗУЛТАТИ
Индијана - Торонто 101-115
Филаделфија - Кливленд 107-133
Чикаго - Јута 128-126
Њу Орлеанс - Бруклин 116-113
Далас - Маверикс 109-118
Сакраменто - Њујорк 112-101
ЛА Клиперс - Вашингтон 119-105