Реал го достигна дното - испадна од Копа дел Реј од второлигаш (ВИДЕО)

Алваро Арбелоа имаше неславно деби на клупата на Реал откако вечерва „кралскиот клуб“ доживеа елиминација од Копа дел Реј од еден од најслабите второлигаши Албасете.

Домаќинот славеше со 3-2, а голот за победа го постигна во 94. минута откако претходно уште два пати се наоѓаше во водство. Реал настапи без 11 фудбалери на овој меч, некои од нив поради повреди, а други поради одлуките на Арбелоа, но ни тоа не е оправдание за дебаклот на шпанскиот гигант кој пред три дена доживеа пораз и од Барселона во финалето на Копа дел Реј.

Виљар го најави изненадувањето во 42. минута, за во судиското продолжение од првото полувреме Мастантуоно да искористи една мешаница и да го израмни резултатот. Драмата се случуваше во последните десетина минути од мечот, а херој беше Бетанкор. Прво, во 82. минута го врати Албасете во водство, Гонзало Гарсија израмни на истекот на основниот дел, а во 94. минута повторно Бетанкор, со фантастичен гол му донесе победа на својот тим и предизвика еуфорија на стадионот.

Со оваа победа Албасете не само што првпат во историјата го победи Реал, туку и се пласира во четвртфиналето од Копа дел Реј.

фото: EPA photo