Наполи врза три меча без победа во Серија А - кикс против Парма!
По нерешениот меч со Верона на „Диего Марадона“, Наполи одигра 0-0 со Парма, меѓу овие два меча беше гостувањето кај Интер кое исто така заврши нерешено.
Елмас овој меч го почна од клупата за резерви, во игра влезе во 58. минута, но не успеа да му помогне на својот тим за да дојдат до планираните три бода.
Интер уште вечерва може да ја зголеми предноста на врвот во однос на Наполи со оглед на тоа што е домаќин на Лече.