Се редат катастрофите на Партизан - вечерва смрзна на минус 38
Сите седум порази кои ги доживеа белградскиот тим последниот месец беа со двоцифрена разлика, но на домашен терен ниеднаш не загуби со 38 поени. Тоа го остава Партизан на последното место на табелата, со никакви шанси да стигне до пост-сезоната.
Денеска победникот беше решен во втората и третата четвртина кои грчкиот шампион ги доби со вкупно со 59-26. Партизан во ниеден момент не беше конкурентен и на крајот заслужено доживеа убедлив пораз иако можеби има изговор во тоа што на овој меч не беше во комплетен состав.
Олимпијакос со победата привремено се искачи на шестото место, но пласманот му зависи од исходот на другите натпревари во ова коло.