Романтично враќање на Џеко во Железничар - клубот каде што започна сѐ!?
Оваа зима Џеко би можел да го промени клубот откако во Фиорентина не се изнаигра.
Виолетовите се подготвени да го пуштат, но не сакаат тоа да биде клуб од Серија А со цел да не ја засилат конкуренцијата во неочекуваната борба за опстанок која им се случува.
Јувентус се споменуваше како опција, но таа отпаѓа, а во БиХ се зборува за враќање на Џеко во Железничар.
Џеко е дете на легендарниот сараевски клуб од кој во 2005 година замина во Теплице како 19-годишник, а потоа играше за Волфсбург, Манчестер Сити, Рома, Интер, Фенербахче и сега Фиорентина. Тој стана еден од најголемите напаѓачи во светот.
Евентуалното враќање на Џеко во Железничар би бил момент на фудбалска романтика бидејќи е јасно дека овој клуб не може да плаќа напаѓач како што е тој.