Неверојатно: Даде гол со својот прв допир на топката во професионалниот фудбал! (ВИДЕО)

16-годишниот австралиски фудбалер, Антонио Арена даде гол во својот деби настап во сениорскиот тим на Рома и тоа со својот прв допир со топката.

Тоа се случи вчера на мечот од Купот на Италија во кој Рома на Олимпико загуби со 2-3 од Торино.

Гасперини во 80. минута реши да го стави во игра младиот Арена кој претходно никогаш не играл на сениорски меч. Момчето родено во Сиднеј за помалку од една минута постигна гол со глава. Тоа беше неговиот прв допир со топката.

„Тоа, тоа беше фантастичен момент. Се чувствував малку нервозно, но влегов и размислував само на играта. Дојде добар центаршут од Весли на подалечната статива и дадов гол. За мене ништо не се промени, ќе продолжам напорно да работам и да тренирам“, изјави младиот Арена.