Зарем е можно? Меси одбил понуда од 1,4 милијарди долари, па добил – бланко чек!
Тој во изјава која брзо одекна во светските медиуми, порача дека финансискиот аспект не би бил пречка за реализација на овој трансфер.
„Ако Меси сака да потпише за Ал-Итихад, ќе му дадам бланко чек. Нека напише каква сума сака и договор на кој било период, дури и доживотно“, изјави првиот човек на клубот.
Тој нагласи дека евентуалното доаѓање на Меси би имало историско значење, не само за Ал-Итихад, туку и за целата лига.
„Ако Меси го носи дресот на Ал-Итихад во Саудиска Арабија, парите не би ми значеле ништо. Лигата би ја славеле уште пред да почне, затоа што би го имале најдобриот фудбалер во историјата“, додаде Ал Хаили.
Претседателот потврди дека клубот и претходно се обидел да го ангажира аргентинскиот ас, по неговото заминување од ПСЖ.
„Да, го контактирав кога му истече договорот со францускиот тим и му понудив договор вреден 1,4 милијарди евра. Тој одби без да ја сослуша понудата, бидејќи семејството ја преферираше Америка. Тоа го почитувам и вратите на Ал-Итихад секогаш ќе му бидат отворени“, истакна Ал Хаили.
Во новиот обид, како што вели, нема да се „лицитира“ со бројки.
„Овојпат нема да нафрламе цифри. Ќе му дадам празен чек и нека запише што сака. Така е најчисто“, порача тој.
И покрај спектакуларните најави, светските медиуми оценуваат дека трансферот е малку веројатен. Меси во моментов е целосно адаптиран на животот во САД, каде што живее со семејството, фактор кој би можел да биде клучен во неговата одлука околу евентуална промена на средината.