Одредени носителите на Австралија опен – Ѓоковиќ не е меѓу тројцата најдобри!
Прв носител во машка конкуренција ќе биде Карлос Алкарас, додека веднаш зад него се Јаник Синер како втор и Александар Зверев како трет носител. Иако ќе тргне од пониска стартна позиција, Ѓоковиќ ќе има можност уште еднаш да атакува на рекордната 25. титула на турнирот на кој има најмногу освоени пехари.
Во женска конкуренција, прва носителка ќе биде Арина Сабаленка, пред Ига Швјонтек и Коко Гоф, што најавува жестока конкуренција и неизвесна трка за титулата.
Ждрепката за турнирот ќе се одржи утре во Мелбурн, додека Австралијан опен ќе се игра во периодот од 18 јануари до 1 февруари.