Неодамна доби отказ, а сега е кандидат за нов тренер на Реал Мадрид

Алваро Арбелоа ја презеде клупата на Реал Мадрид по заминувањето на Чаби Алонсо, но очекувањата се тој таму да остане само до крајот на сезоната кога би пристигннал друг стратег со поголемо искуство. 

Според последнитте информации, еден од главните кандидати е Енцо Мареска, италијански тренер кој во овој момент е без работа по отказот во Челси. Покрај Челси, Мареска во својата кариера ги водеше уште Лестер и Парма, а имаше улога на помошник во Манчестер сити. 

Шпанските медиуми пишуваат дека претседателот Флорентино Перез сакал да го доведе и Јирген Клоп кој доби и прашање од германските медиуми на оваа тема.

„Интерес од Реал Мадрид? Тоа нема никаква врска со мене и не предизвика никаков интерес кај мене. Заминувањето на Чаби Алонсо е знак дека таму не е сè 100 проценти како треба. Шпанецот е извонреден тренер, но како наследник на легендарниот Анчелоти, кој има многу специфичен начин на водење на своите екипи, не му беше лесно. Многу ми е жал, мислам дека е одличен тренер“, изјави Клоп за „Кикер“ .