Интер извлече победа против Лече и отиде на +6 (ВИДЕО)

Екипата на Интер се зацврсти на првото место на табелата во Серија А откако вечерва славеше во заостанатиот меч против Лече со 1-0.

Од рака на „нераѕурите“ им одеше ремито на Наполи против Парма (0-0), па сега имаат шест бода поведе повеќе од актуелниот шампион и од Милан со тоа што градскиот ривал утре го очекува меч против Комо. Иако далеку подобар тим вечерва, Интер дури во финишот го скрши отпорот на Лече и го обезбеди триумфот.

Стрелец беше младата, 20-годишна ѕвезда на тимот Франческо Пио Еспозито кој го постигна голот за победа во 78. минута.