Ждрепка за Австралија Опен: Ѓоковиќ и Синер повторно на иста страна

Најусшениот на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ и бранителот на трофејот Јаник Синер се извлечени во истата половина од ждрепката при ждрепката за првиот Гренд слем во сезоната, објавена денеска.

Србинот го почнува турнирот против Педро Мартинез, додека Синер на стартот ќе се соочи со Уго Гастон од Франција, а дуелот меѓу Ѓоковиќ и Синер е можен во полуфиналето од турнирот. Двајцата се сретнаа и лани во полуфиналето и тогаш беше поуспешен италијанскиот тенисер кој подоцна ја освои титулата, втора по ред.

 

 

Лидерот на АТП листата Карлос Алкараз, е извлечен во истата половина од ждрепката како и ланскиот финалист Александар Зверев. Шпанецот, кој има за цел да ја освои својата седма Гренд слем титула, го започнува турнирот против домашниот претставник Адам Волтон.

Ѓоковиќ во Мелбурн ја брка својата 25-та Гренд слем титула, со што би ја надминал Маргарет Корт како рекордер на сите времиња за најмногу Гренд слем титули во поединечна конкуренција  во историјата на тенисот. Синер, пак, ќе се обиде да направи хет-трик.