Навивачите на Албасете го тролаат Реал: Фала што дојдовте, конечно и ние победивме
Мечот беше деби за новиот тренер Алваро Арбелоа кој најавуваше нова ера, а доживеа еден од најтешките порази во историјата на клубот. Некогашниот шпански репрезентативец го презеде Реал на местото на Чаби Алонсо, одлучи да игра со „втор“ тим, без 11 фудбалери кои би можеле да бидат стартери и тоа му се одби од глава.
Најблагодарни за тоа му беа навивачите на Албасете кои по натпреварот не заборавија да го истролаат и него и целиот Реал.
„Фала што дојдовме, конечно и ние победивме. Ве молиме дојдете и идната недела“, им скандираа домашните фанови на претставниците на Реал.
Последниот триумф Албасете го забележа на 8 декември против Бургос на гостински терен со 1-0, а пред своите навивачи нема победа од 15 ноември кога ја совлада Андора. Минатиот месец ја елиминира Селта во Копа дел Реј, но на пенали откако по 120 минути резултатот беше 2-2. По 21 коло во Сегунда, тимот се наоѓа на 17. место на табелата со само еден бод повеќе од Хуеска која е прва во зоната за испаѓање.